... По моето враќање ќе го изменеме нашиот однос, скапо ќе го цениме времето, животот си минуваа. Поминатото време не се враќа, не се надокнадува, не треба да се создаваат непотребни недоразбирања со мотив: „што ќе биде нека биде“.
...
Романот првенец на Викторија Гаго „Сатун се враќа“ претставува вистинско книжевно освежување со нејзината појава и особено со резултатот на нејзиниот книжевен деби. Завидното мајсторство, структурирањето на фабулата, одбирот на најсублиматниот исказ го внесуваат ова дело уште на самиот старт во редот на успешните дела на македонската лилтература, а нејзиниот автор во мајсторите на прозата.
Дали е ова преамбициозен заклучок? Сигурно не, бидејќи ова дело се наметнува низ повеќе ракави како своевиден палимпсест на човечката болка, човечкото страдање, љубовта и лавовската борба да се истрае до крај.
Дејството на романот започнува уште во времето на детството на Анастасија Топал, кога на пионерското првенство на Македонија во пливање и е одземена победата, прво место, во најбанална варијанта, со што грубо, нечовечно, врз тринаесетгодишно девојче, неправдата става рака и како да го удира печатот на нејзината понатамошна судбина. Солзите се разбирливи, но лузната трае и станува опомена за присуство на другите и другиот во креацијата на животната патека по која врват и другите судбини, но не да бидат опомена туку директна спротивставеност на нејзиниот исправен и горделив од. Тој од по маките ја има солта и водата на општественото милје, проклетото и проклетството на малата средина, малото место во кое патиштата на луѓето секојдневно се среќаваат, а судбините се сечат.
На страниците на оваа делликатна проза се појавува сенката на Голи Оток, маката на таткото во времето на ИБ, но само како благ рефлекс на една лична драма чие кулиси се креваат до вистинскиот и единствен Бог, во кого се нацртала идејата и покрај кревкото и поразено битие на Анастасија таа да ја осознае вистината дека громовите удираат на највисоките врвови. Утеха ле тоа или само ѕвездена патека по чија орбита патува личното, означено и предодредено од наталната карта?
Лавицата Анастасија Топал ја бие битката со средината во Куќата на правдата. Ја поразуваат луѓето и „клучот“, болеста и интимната драма, но секогаш постои тој проклет остров на личното прогонство во кој се наредени со ред сите премрежја низ кои таа мора да мине. Предолга е таа низа на настани во кои последователно се бијат поразите, до моментот на симболичното враќање на планетата Сатрун, која според астролозите минува низ нашиот живот еднаш во триес години, означувајќи крај на еден пердио и почеток на друг. А Сатурн е симбол на амбиција, самосвесност, виталноста и, како што вели авторот, на прозата, животна искра. Ладен и одбивен, планета на напор, препреките и големите тешкотии, тој владее со скелетот на човечкото тело и силата на карактерот за донесување пресудни решенија и преземање на големи одговорности. Неговото враќање е само симболично затворање, доцртување на квадратурата на кругот во кој философската јатка е пронаоѓање на смислата само во човечката борба. Таа е дадена за да го осмисли животото на секое битие, независно колку се различни пристапите до замислата на сопствената возвишена цел.
Во овој роман се умира и се љуби, се страда и се живее и одново се страда. Во него се наметнува драмата на љубовниот триаголник, Анастасија, Филип, Стефан, но не за да ка потхраниситната љубопитност на малото место, туку на нашата хериоина да и ја врати изгубената смисла во возможната среќа и потреба од разбирањето и љубовта.
За крај, роман со исклучителен внос на анакаренински мирис, Толстоевска минуциозност и Золин натурализам. Роман што задолжително треба да биде објавен и поддржан.
Copyright © 2024 viktorijagago.mk - All Rights Reserved.
Powered by GoDaddy