Викторија Гаго го носи името на својата баба по татко, како уметничко име. По завршувањето на гимназијата во својот роден град Струга, таа дипломира на Правниот факултет во Скопје во средината на седумдесеттите години како Климентина Димитри Голабоска. Сопруга е и мајка на два сина, стана баба на четри внуки!
По приправничкиот стаж во Основниот суд Струга продолжи да работи како стручен соработник, а потоа судија, остана судија до своето пензионирање.
Првиот роман „Сатурн се враќа“ го објави 2001 година, вториот „Допир до вистината“ го објави 2003, и третиот роман „Секогаш Ирина“ го објави 2005 година. Со првите два романи учествува на изборот за роман на годината на „Утрински весник“ а комисиите од вкупно пријавените 36 романи, романите на Гаго ги избраа во 17-те романи за трка за наградата “Роман на годината“.
За неа познатиот македонски писател Крсте Чачански ќе напише: - Уште на самиот старт романот „Сатурн се враќа“ го внесе во редот на успешните дела на македонската литература, а нејзиниот автор во мајсторите на прозата.
Живее во Струга.
Copyright © 2024 viktorijagago.mk - All Rights Reserved.
Powered by GoDaddy