... сакам да ти кажам бев само твој сета моја младост. Тоа е посебна, нзависно, ослободено од секој страв и паника, чуство.
...
Извадок од зборовите искажани за време на промоцијата на вториот роман на книгата Допир до вистината, искажани од македонската поетеса Светлана Христова – Јоциќ
– Хотел Дрим, 2003 г.
... Катсу , збор кој нема превод, извик кој кажува просветление, сознание, поимање на некои нешта – стара зен приказна ...
... Повеќе жени ми кажувале и укажувале дека речиси немало жена во Струга која што немала тетратка која што немала лист а да не испишува по нешто да твори да создава, или пак, да пеела како Депа Каваева, која им испеала на браќата Миладиновци 150 песни, не ќе беше тој Зборник ако не беше таа жена. Според следот на веренијата, дарбата, таа си има свој тек свој пат. Оттаму, ништо чудно за мојот извик за Гаго. ... Јас само сакам да го укажам на патот на следот, да укажам на мојот допир до вистината, совпаѓење со насловот на новата книга на писателката Викторија Гаго...
... Во романот има два стожерни ликови, тоа се Ефтимија и Димитриј Рустаков. Ефтимија од Македонија и Димитриј од Русија. ... Сакам да посочам на чудесна синтагма, барем за мене, што се однесува до лицето на Ефтимија. Викторија Гаго ќе ве збуни со таа ситагма, ќе ве поведе, таа вели, нејзиното срцесто лице! Јас сопрев при првата средба со оваа синтагма „срцесто лице“. Тоа значи и надворешниот изглед кој е срцест го соопштува внатрешниот, срцето. Уште веднаш забелажав таа синтагма за првпат ја сретнав во контекст употребена што ќе укаже и на љубовта. Тоа срцесто лице всушност ќе ја симболизира љубовта. Но, таа срце фомра ќе се пренесува и натаму, но ќе се пренесува и љубовта. Тоа всушност тој е цел след на сите тие сказанија во оваа книга. Во тоа срцесто лице во таа форма ќе се препознава љубовта ... Романот е еден сплет од потрага по внатрешна потрага крната рожба, зачнатото. Каде е, каде се, што е, како? ...
... Тематско мотивската поставеност која што е реализирана од страна на писателот е, наизменични внатрешни патувања со цел да се дојде односно да се допре вистината. Имено познато е дека патот или патувањето, пат во себе, низ мисла е особено богат симбол затоа што патот низ себе низ спомените, низ зборот, низ чекорите на кадрилото, низ ливченто оставено некаде каде, и така редум сето тоа посегање по минатото по предметите, допирите, по синиот дрим и по мислата заитана во Русија и од Русија заитана мисла во Македонија и што уште не, всушност романот е богатство од внатрешни патишта по кои ќе се појде за да се осознае вистината. Зошто отишол Димитриј, каде е, а рожбата, а љубовта? Но никогаш не се стигнува за овие психолошки прашања кога физички се поаѓа на пат. Кога се среќавам со тој/таа никогаш одговор ќе немаме. А секогаш и секаде се стигнува да се допре вистината ако потрагата по откритието се упати во духовното средиште, своето духовно средиште. Токму така, Викторија Гаго најсредоточено со висока сознајба за тој пат и со висок критериум на начинот на кој го води дејствието ќе го упати читателот ќе го поведе и ќе му го покаже средиштето на внатрината на главните ликови во романот. Ќе се случи допир со вистината. Како се допира вистината прашувате, прашувам?! ...
... Преку исклучително динамичен и продорен дијалог, да ве води и одведи да ја допреме вистина, особено дијалог кој ме предизвика брзум брзум едноздивно ме поттикна да ја прочитам книгата.
Викторија Гаго навистина е голем талент, зрел, самосвоен, оригинален автор. ...
Copyright © 2024 viktorijagago.mk - All Rights Reserved.
Powered by GoDaddy